во

Абе имам една мака, пациентиве нон-стоп ме лажат за да ми ќарат бесплатен совет…

На вечера седат доктор и адвокат и докторот почнал да се жали:

Докторот: Абе имам една мака, пациентиве нон-стоп ме лажат за да ми ќарат бесплатен совет, и не знам што да правам тоа да престане:

Адвокатот: Вака ќе направиш, ќе си разговараш со нив како и досега и ќе им дадеш совет, а после тоа на нивната адреса ќе им испратиш сметка и завршена работа.

Докторот: Важи, така ќе направам.

И кога докторот отишол дома, гледа дека нешто дека има во неговото сандаче. И кога го отворил, внатре нашол сметка од адвокатот.