во

Девојче и теле се најдобри пријатели, видеото од нивната игра ги воодушеви сите: Едноставно преслатко

Мајката по име Рејчел Мороу им го разубави денот на корисниците на ТикТок со симпатично видео од нејзината ќерка како си игра со своето младо теле, кое го нарекоа Батонс.

Откако пред неколку дена го објави видеото на платформата, истото е прегледано повеќе од три милиони пати.

На објавеното видео се гледа како мало девојче скока во сено, а по него младо и разиграно теле. Рејчел потоа додаде неколку дополнителни фотографии од овие слатки мали пријатели во видеото. Луѓето беа воодушевени од ова видео и ги споделија своите размислувања во коментарите.

„Ова е едноставно преслатко“, „Се надевам дека ќе добијат шанса да растат заедно, одлично видео!“, „Ова ќе биде животен спомен за неа“, „Се гледа колку многу се забавуваат“, „Прекрасно! “, „Ви благодариме што го споделивте ова преслатко видео со нас“, се дел од коментарите.