во

Драга Марија! Мислам дека нашата врска веќе не е тоа што го замислував. Оддалеченоста помеѓу нас…

Перо, студент во Скопје, и пишува на својата девојка која студира во Софија:

„Драга Марија! Мислам дека нашата врска веќе не е тоа што го замислував. Оддалеченоста помеѓу нас е премногу голема. Морам да ти признаам дека од твоето последно доаѓање тука те изневерив 4 пати. Мислам дека тоа не е во ред ниту за еден од нас. Прости ми и те молам да ми ја пратиш сликата која ти ја оставив минатиот пат.

Поздрав и се најубаво, Перо.“

Марија, видно повредена, веднаш заминала кај својата колешка која работи во фото-студио и ги собрала сите слободни фотографии од згодни момци и на тоа ги додала сите фотографии од своите млади роднини, пријатели и бивши дечковци. Сите насобрани фотографии (50 на број) заедно со фотографијата на Перо ги ставила во еден коверт и му напишала:

„Драги Перо! многу ми е жал но навистина не можам да се сетам на тебе. Те молам да си ја земеш твојата слика, а останатите да ми ги пратиш назад.“

Поздрав и се најубаво, Марија.