во

Другар, земи си еден златен саат, таман за господин како тебе…

Одам кон Битпазар и таман да влезам во пазарот ме запира еден продавач на часовници.

– Другар, земи си еден златен саат, таман за господин како тебе. Евтино ќе ти го дадам, само 50 евра.

Го гледам саатот, жолт, свети, го пробувам, добро ми стои и почнувам да се пазарам со продавачот. После 5-6 минути му спуштам цена на 30 евра, таа е набавна нели, од толку подолу не може да оди, бидејќи е позлатен и е оригинал, па се согласувам. Си фаќаме рака, му давам 50 евра, тој ми го дава саатот и ми враќа 20 евра кусур.

Потоа човекот го снема, како во земја да пропадна. Го гледам убаво саатот, тенекија фалсификат како што претпоставив, исто како и 50-те евра што му ги дадов, но 20-те што ми ги врати беа вистински!