во ,

„Закачување“ на квака, удирање во предмети: Секојдневни ситуации кои прават да се чувствуваме како „идиоти“

Ова се ситуации со кои се имате соочено барем еднаш во животот. Ако не ви се случиле, не грижете се, имате уште многу време за да се чувствувате како „идиоти“.

Неколку луѓе споделуваат во кои секојдневни ситуации се чувствуваат така:

„Понекогаш ми се случува да се закачам со облеката за квака. Тоа може да е дупка за копче од џемперот или врвка од дуксер, некогаш и со џеб…“

„Кога и да се мијам раце во јавен тоалет, млазот вода од чешмата е толку силен што кога ќе се погледнам на облеката изгледа навистина непријатно.“

„Не секогаш, но многу често кога isтурам пијалак во чаша, ми прска настрана и претекува речиси еднаква количина колку што има во чашата.“

„Пиењето од кафињата за носење секогаш е исто – си го горам јазикот, а понекогаш и ми паѓа чашката врз мене или на земја.“

„Не давам бакшиш директно на келнерите. Чекам да ми наплатат, а потоа им оставам одредена сума на масата, за да избегнам контакт со очи, допири со рака и непријатно заблагодарување.“

„Секогаш кога ќе ми дојде Ајфон во рака се однесувам како тотален идиот бидејќи сум навикната на Андроид. Што да правам? Кое копче да го притиснам? Каде е воопшто копчето?“

„Јас сум возрасна личност, која мора да ја направи буквата „L“ со палецот и показалецот за да се сети која страна е лева.“

„Масичката за кафе се наоѓа на истото место во дневната соба отсекогаш, но секој ден барем еднаш се удирам во нејзе.“

„Ви се случува да ја промашите корпата за отпадоци дури и кога сте веднаш до неа? И мене. Секој ден.“